Рафаел Надал нема да настапи на  Вимблдон и на Олимписките игри во Токио, соо ваа информација Шпанецот ги шокира тениските фанови.

„Здраво на сите. Решив да не учествувам на Вимблдон и Олимписките игри во Токио. Ова не беше лесна одлука, но по разговорот со мојот тим, сметам дека е вистинска одлука да си го слушам моето тело. Мојата цел е да си ја пролонгирам кариерата што е можно подолго, а по два месеци играње на земјена подлога, знам дека доста се потрошив“, напиша Надал на твитер.