Кралот на земјата повторно се пласираше во полуфиналето од Гренд слемот во Париз, Ролан Гарос откако во четири сетови беше подобар од Диего Шварцман. Првиот го доби со 6:3, вториот го загуби со 4:6, со ист резултат до би третиот и убедлив со 6:0 беше во четвртиот.

Аргентинецот беше првиот тенисер на „Ролан Гарос“ годинава кој успеа да освои сет против Рафаел Надал.

Но, тока како да го налути и плус мотивираше Шпанецот, кој доминираше по израмнувањето.

Надал сега го чека подобриот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Матео Беретини, а сите очекуваат нова тениска класика помеѓу шпанскиот и српскиот ас.

Веќе е позната првата полуфинална двојка, Стефанос Циципас ќе ги одмери силите против Александер Зверев.