Трибините во Париз не беа пополнети ниту на мечот меѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер. Ситуацијата не беше подобра ниту во сабота, па тенискиот сојуз на Франција се сети да ги пушти вработените луѓе на празните места.

„Поради промената на распоредот за сабота, менаџментот на турнирот има задоволство на вработените од страна на Сојузот и нивните соработници да им обезбеди пристап на трибините од 12 часот за да ја гледаат завршницата на машкото полуфинале и почетокот на женското финале“, пишувало во мејлот, кој го добиле вработените.

Да потсетиме, Рафаел надал го освои Ролан Гарос и тоа откако во финалето го победи Доминик тим со 3-1 во сетови.