Еден месец откако го судеше големото финале на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, Дамиан Штајнер доби отказ.

Аргентинецот кој важи за еден од најдобрите светски судии во тенисот отказот го добил на 15 август.

Според правилата на АТП, судиите не смеат да даваат интервјуа за медиумите без одобрение на организацијата, правило кое Штајнер го прекршил. Имено, спорно е неговото интервју кое го дал за аргентински Континентал каде темата била неговата кариера и финалето на Вимблдон кое го судеше.

Меѓу првите кои му пружи поддршка на судијата е Џон Иснер.

„Не ја знам целата приказна, но делува апсурдно. Штајнер е одличен судија и омилен меѓу играчите.“ – напиша Иснер на Твитер.

Во иднина, Аргентинецот ќе може да суди само на турнири на кои судиите не ги избира АТП, но на овогодишениот УС Опен нема да ја дели правдата на ниту еден натпревар.