Победничката на Австралија Опен, американката со руско потекло Софија Кенин, објасни зошто навивала за Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен.

„Многу сум радосна што Новак победи во финалето. Јас навивав за него, за да после тоа имам повод да му пишам и да го поздравам. Малку и комунициравме. Тој е класа. Многу ми се допаѓаат колажите каде на фотографиите сме заедно со него со освоените пехари“.

За Софија Кенин тоа беше прв освоен Гренд Слем во кариерата.