Новак Ѓоковиќ е организатор на серија егзибициски мечеви и турнир „Адриа Куп“, ќе се одржуваат во јуни и јули, денеска на прес конференција говореше за учесниците и што значи овој рестарт на тенисот.

Најдобриот тенисер во светот е атракција сама по себе, има голем број на навивачи, еден од нив на својата веспа ставил фотографија од Ѓоковиќ и конечно успеа во целтта, доби автограм кој го чекаше цели пет години.

Навивачот, чиј идентитет не е познат, уживаше во друштвото на Ѓоковиќ кој му се одолжи со автограм на неговата „луда машина“.