Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак, откри дека нејзиниот сопруг пред две години сакал да ја прекине кариерата.

Тоа било случај во 2018.година, веднаш по операцијата на лактот која го спречи Ѓоковиќ да игра на врвно ниво, а неговата ментална состојба кулминирала по поразот од Беноа Пер во Мајами.

„ Не собра сите што бевме во Мајами и соопшти дека ќе се повлечи од тенисот. Бев збунета. Плачевме и го прашувавме што прави. Правевме се за да го разубедиме. Веднаш потоа бевме на одмор, по кој ментално „заздрави“ и ја промени својата одлука“- изјави Јелена во разговор со Греј Бесинџер.