Марија Шарапова, која в среда објави крај на кариерата, од својата игра заработи 325 милиони долари.Од нив, според Форбс, 39 милиони се од наградните турнирски фондови, додека остатокот е од спонзорите и од својот бизнис.

Според овој показател, пред Шарапова е единствено Серена Вилијамс, која заработи 350 милиони долари. Шарапова дури 11 години едноподруго беше најскапоплатена спортистка на светот.

Во 2012 година таа лансираше свој бренд за бонбони – Sugarpova, кој и носи околу 20 милиони долари годишно.