Во Мелбурн од 1-5 февруари се игра АТП Купот, второ издание на кое титулата од лани ја брани Србија.

Тениската федерација на Србија го објави составот со кој ќе го брани трофејот од минатата година, Новак Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ и Никола Чачиќ ќе се обидат повторно да направат голем резултат.

На АТП Купот ќе учествуваат 12 репрезентации, поделени во четири групи, победниците од секоја група ќе играат во полуфиналето.