Србинката Маријана Вељовиќ ќе биде главен судија на финалето кај дамите на Вимблдон 2019 во кое се среќаваат Серена Вилијамс  и Симона Халеп.

Маријана Вељовиќ има 32 години, родена е во Крагуевац , има „Златна значка“  од 2016 година, за прв пат ќе биде главен судија на Грен слем финале во сингл, инаку учествува по 32 пат во низа на големите турнири како главен судија.

На Вимблдон прв пат судеше во 2011 година,  пет години подоцна го судеше финалето во мешани двојки на овој најпрестижен турнир.