Троицки против Унгарецот Атила Балаж водеше со 6:1, 5:1 и 40:15, пропушти четири меч топки и потоа после еден голем и чудесен пресврт изгуби.

Сепак, 259-тиот тенисер на АТП листата немаше премногу причини за тагување со оглед на тоа дека го продолжи својот настап како „среќен губитник“, а освен тоа во првото коло беше слободен бидејќи во ждребот влезе место осмиот носител, Максимилијан Метенеркој се откажа поради повреда на коленото.

33 годишниот Троицки во кариерата освои три титули, а најдобриот пласман му беше 12-тото место во јуни 2011 година.