Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срџан, ја коментираше големата поддршка што ја имаше Доминик Тим во финалето на Австралија Опен.

Жалосно. Седумкратниот победник игра во Австралија против Австриец и сите навиваат за Австриецот. Тоа е непочитување. Тенисот е спорт на богатите и тие не можат да сфатат дека најдобриот доаѓа од малата и сиромашна Србија. Но тие само му даваат дополнителна мотивација на Новак, да стане најдобриот во историјата. Кога ќе ја заврши кариерата, тој ќе живее во својата држава, со своите луѓе, во својот град.

Уште оваа година Новак ќе го стигне Федерер, ќе ги освои сите три преостанати Гренд Слема, ќе ја освои Олимпијадата и ќе мине повеќе недели на врвот од Швајцарецот“.