Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, во последно време е акуелен во медиумите поради неговите изјави во кои ги напаѓа ривалите на неговиот син.

Последна на тапет кај Срѓан беше Швајцарецот, Федерер за кого вели дека е „мал“ човек.

„Новак го сакаат секаде освен во англосаксонските земји. Јасно и зошто. Тие го измислиле овој спорт, а потоа доаѓа некој од една мала и сиромашна земја и им покажува дека тенисот му припаѓа на целиот свет. Новак е многу популарен во Кина, Јапонија, Индија, Русија и Јужна Америка.

Кога Новак губи меч, тој доаѓа до противникот, го гушка и му вели дека тој бил подобар од него. Ама, ниту еднаш не му дадоа награда за фер-плеј, туку секогаш му ја даваат на Федерер.

Федерер е голем тенисер, но е мал како човек. Тој му завидува на Новак од моментот кога тој се појави, бидејќи знае дека е подобар и дека ќе го надмине“, изјави Срѓан Ѓоковиќ за Новости.