Српската манекенка Наталија Шчекиќ ги шокираше сите во Србија откако кажа што преку неа планирале да му направат на Новаќ Ѓоковиќ. Таа откри дека нејзините менаџери и соработници, барале да го заведе Новак Ѓоковиќ, како би го уништила неговиот брак со сопругата Јелена.

Планот бил Наталија да го намами Новак и да снимат секс афера, а потоа истата да се пушти во јавноста. За тоа и нуделе меѓу 50 и 60 илјади евра.

„Ме повика човек, тој е од Белград и го знам, мислев дека е сериозен менаџер. Кога ме контактираше, помислив дека ме бара за сериозна работа, за преземање оглас или за фотографирање. Кога разговорот започна, кога ми го кажа планот, прво помислив дека тоа е скриена камера, почнав да се смеам… Мисе чинеше како шефа, но уствари не беше. Навистина подготвуваа пеколен план. Кажано ми беше Новак да го одведам на некое интимно место и се тоа да го снимам“– открила Наталија па додала:

„Понудата беше од 50 до 60 илјади евра и патување од соништа по мој избор. Се ми беше навредливо. Не сум таква девојка, не сум спонзорџика или проститутка. Можам само да замислам што би се случили такво видео да беше објавено во јавноста. Ќе настанаше тотален хаос. Ѓоковиќ не го заслужува такви работи“.