Вечерва од 21 часот светот ќе има нова привилегија да ужива во нов тениски класик меѓу Федерер и Ѓоковиќ во меч од 3.коло на Мастерсот во Лондон.

Овој меч има дополнителна тежина, ако се знае дека победникот обезбедува пласман во полуфиналето на завршниот мастерс. Србинот игра под поголем притисок бидејќи се бори со Рафаел Надал за првата позиција на АТП листата по крајот на годината.

Овие две тениски легенди својот последен меч го одиграа годинава во големото финале на Вимблдон, а на крајот славеше Ѓоковиќ по тај брејк во 5.сет, иака Швајцарецот не искористи две меч топки.

Во досегашните меѓусебни средби Ѓоковиќ има предност, односно славел на 26 меча, додека Швајцарецот 22 пати излегол како победник.