Јапонката Наоми Осака изминатиот период беше без тренер, откако и официјално ја прекина соработката со својот татко кој и беше тренер од самиот почеток на нејзината кариера.

Осака пред неколку месеци изјави дека причина за лошите резултати е нејзиниот татко. Нов тренер на Јапонката е Вим Фисет. Ова го објави на Твитер новинарот Бен Ротенберг. Фисет претходно работеше со Ким Клијстерс, Викторија Азаренка, Симона Халеп, Џоана Конта и Анџелика Кербер.

Дваесет и двегодишната Осака на почетокот на мината година беше прв светски рекет на ВТА ранг листата во женска конкуренција. Осака во моментов е на третото место, зад водечката Ешли Барти и второпласираната Каролона Плишкова.