Срѓан Ѓоковиќ, татко на Новак повторно даде неколку интересни изјави за кои пишуваат сите медиуми. Тој често знае на таков начин да настапи во медимуте, а сега повторно допре до неколку случувања од кариерата на Новак.

„Очигледн е дека странските медиуми немаат добро мислење за нас и секогаш им сметаме. Искрено, ниту јас не сакам да бидам дел од тој нивни свет. Некако ми се чини дека тој нивен свет е извртен“– кажа Ѓоковиќ и додаде.

„Мене ми е жал што на странските медиуми не им одговараат моите изјави, но јас само ја зборувам вистината. Тие само го навредуваат и напаѓаат Новам. Она што јас го говорам е само еден процент поостро во одонос на тоа како тие се однесуваат према тој шампион каков што светот нема да има.“

Таткото на Новак уште еднаш повтори дека Новак е комбинација на најдобрите особини на татко му и мајка му.

„Новак го зема најдоброто од мене и сопругата. Од мене големото срце и храброста, од мајка му смиреноста. Кога ќе наиде на ѕид, тој размислува, а јас удирам со глава и паѓам во несвест“- вели Срѓан Ѓоковиќ.

А го спомена и Федерер.

„Федерер пред околу 15 години го напаѓаше мојот син додека беше млад, имаше 18 или 19 години и знаеше дека доаѓа некој што ќе биде подобар од него. Тој е голем шампион, но не е голем човек“- вели Ѓоковиќ сениор.