По прегледот, стоматологот открил дека има редок вид на рак, па поради тоа Гибс ќе мора да оди на операција за неколку дена, а прогнозите се добри и за среќа болеста е открина во раната фаза.

Американката го откажа настапот на Ролан Гарос, но најави дека ќе се врати на Вимблдон, па ги израдува фановите.

„Морам да се повлечам од неколку турнири сезонава поради тоа што ми открија рак. Но, за среќа овој вид не е опасен и докторите веруваат дека самата операција ќе го реши. За да ми ги смират мислите, ми рекоа дека ќе играм на Вимблдон“, вели Гибс