Недела, 16 мај, ден за дома, за одмор и за спектакл во тенискиот свет, со нетрпение се очекува финалето на Мастерсот во Рим, се среќаваат големите ривали Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Дуелот за титулата во „Вечниот град“ започнува од 17 часот, фаворит на земја е Надал, но Ѓоковиќ долго време чека реванш, српскиот тенисер сака да стави крај на поразите од Шпанецот на земјена подлога.

Ова ќе биде шесто финале на кое завршниот збор го имаат Надал и Ѓоковиќ еден против друг, од 2009 до денес, Србинот има две победи, Шпанецот три на финалните мечеви.

Надал е во предност на земја, води со 18-7, но севкупно, Ѓоковиќ е во предност во односот победи-порази, скорот е 29-27.

Традицијата е на страна на Надал и кога станува збор за средбите во Рим, каде што тој победи во пет од осумте пресметки со Србинот, а последен пат тоа беше во финалето во 2019 година.