На АТП турнирот во Дубаи се случи тежок пораз на Новак Ѓоковиќ.

Секако, не се работи за сингл меч, туку за меч во двојки во кој Ѓоковиќ и Марин Чилиќ загубија уште во првото коло.

Српско-хрватската двојка уште во првото коло налета на главните фаворити на турнирот – Раџив Рам и Џо Селзбури и загубија во два сета 6:2 и 6:2.

Кај Ѓоковиќ и Чилиќ, кои за првпат играат заедно во двојка, се чувствуваше невоиграност и тие мечот го загубија за помалку од еден час.

Инаку, Ѓоковиќ денеска ќе одигра меч со Филип Колшрајбер за влез во четврт-финалето на турнирот.