Британски „Times“ пишува дека постоела опасност, одржувањето на  Австралија Опен 2021 да биде одложено поради Новак Ѓоковиќ.

Србинот е „дежурен виновник“ поради турнирот „Адриа Тур “на кој беше организатор,  беше посочен како пример дека коронавирусот може да и наштети на Австралија, како што тоа и се случи на Србија.

„Times“ пишува дека организаторите на АО 2021 имале сериозни проблеми да ја убедат владата на својата земја да се одржи овој престижен Грен Слем турнир.

Австралија како држава ќе прими околу 1500 спортисти и лица од стручните тимови за време на АО 2021, државата се плаши дека е можно епидемијата да се прошири на нивата територија.

Протоколите кои ги наложи Австралија за одржување на АО 2021 се строги и важат за сите, 14 дена карантин, ограничено движење, парични казни… Предвидена е и депортација на тенисерите доколку дрско се прекрши карантинот и протоколите.