„Ова беа одлични 16 години.“ Со овие зборови српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ најави крај на својата кариера.

Тој истакна дека неговиот последен настап ќе биде за Србија на овогодинешниот Дејвис Куп во Мадрид.

„По многу испрашување на душата и размислувања што ми е важно во оваа фаза од животот, што ме прави среќен, одлучив да го напуштам професионалниот тенис. Нема да ви пишувам трогателен говор (се уште) поради кој ќе плачете, бидејќи уште има тенис во мене. Ако не го сметам УС Опен идната недела и неколку АТП турнири, моето последно натпреварување ќе биде Дејвис Купот во Мадрид. Во годините кои следуваат вниманието ќе го насочам кон семејството, нашата тениска академија и меѓународно тениско искуство неколку седмици годишно. Ви благодарам на сите за поддршката.“ – напиша Типсаревиќ.