Јанко Типсаревиќ за прв пат говореше за состојбата на Новак Ѓоковиќ кога Србинот дозна дека е позитивен на Ковид-19.

Новак Ѓоковиќ не прекрши никакви правила, сепак беше на удар на светската јавност, Тиспаревиќ говореше како се чувствувал најдобриот во светот.

„Кога дозна дека е позитивен се чувствуваше многу лошо, веројатно тоа беше поради психолошкиот притисок, има луѓе кои го сакаат и тие кои не го сакаат, но Новак го преброди тој период многу цврсто“ – изјави Типсаревиќ.