Австралијанскиот тенисер Бернард Томиќ, кој е елиминиран од Вимблдон во првото коло по помалку од еден час игра, е казнет со 45.000 фунти.

Причина за казната од организаторите е невложувањето на теренот.

„Според мислењето на судиите, играта на Бернард Томиќ во првиот меч не беше во согласност со професионалните стандарди кои се очекуваат на ова ниво. Следствено на тоа, ќе мора да плати максимална казна од 45.000 фунти.“ – стои во соопштението од организаторот на турниот.

Тенисерот сепак не се согласува.

„Мислам дека играв најдобро што можев. Само што тоа беше ужасно. Минатата недела играв добро, а оваа беше тешка прва рунда. Знаев дека ќе го загубам натпреварот бидејќи не се чувствував добро.“ – се бранеше Австралијанецот по мечот.