Хрватската тениска легенда, Горан Иванишевиќ добил најмногу гласови од љубителите на тенисот од 120 земји од светот, со ова добива бонус поени за влез во Куќата на славните.

Иванишевиќ својот најголем успех го забележа во 2001 година кога го освои неофијалното тениско светско првенство Вимблдон, победувајќи го Патрик Рафтер во епски меч од 5 сета. Хрватот исто така беше познат по својот темперамент кој според него го спречил да оствари поголеми успеси.

Изминатите години Иванишевиќ се бави со тренерска работа, а во моментот е дел од стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ.