Франциско Ројг кој долги години е дел од стручниот штаб на Рафаел Надал, зборуваше за соработката со шпанскиот тенисер и кажа кој меч му оставил најголем впечаток.

„Не очекував дека нашата соработка ќе трае толку долго. Со текот на годините, Рафаел сфати дека треба пократко да игра. Ако сега играше во ист стил како порано, тој немаше да покажува вакви резултати. Неговата најдобра, најемотивна победа се случи на Вимблдон 2008 над Роџер Федерер“, изјави Ројг.

Според Ројг  „најболниот“ пораз на Шпанецот е оној против Вавринка во финалето на Австралија Опен во 2014 година.