Третиот светски рекет , Грчкиот тенисер Стефанос Циципас очигледно го променил мислењето кога е во прашање вакцинацијата, па сега истакна дека ќе се вакцинира.

“Никој не ми кажа ништо, никој не донесе одлука дека вакцинацијата е задолжителна. Се чини дека во одреден момент ќе треба да го направам тоа, но засега вакцинацијата не е услов за играње тенис. Не гледам причина зошто некој на моја возраст треба да биде вакцинирано. Не е доволно тестирано и развива несакани ефекти “, рече тогаш грчкиот тенисер, но во меѓувреме се премисли и го објави во јавноста.

“Ќе се вакцинирам оваа година. Потоа ќе можам да одам во ресторани, продавници … Ги поддржувам сите што се вакцинираат. Јас не сум доктор. Јас сум тенисер и немам потврдено мислење кога станува збор за медицината “.

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во април изјави дека се надева дека вакцинацијата нема да биде задолжителна. После тоа, тој се најде на удар на дел од јавноста и повеќе не се огласи за тоа. Роџер Федерер, еден од најголемите на сите времиња, ја прими вакцината во мај, а вакцинацијата е поддржана и  од Рафаел Надал, кој рече дека масовната вакцинација е единствениот начин да се врати светот во нормала.