Поради Ковид-19 пандемијата, Австралија Опен мораше да биде со поместен старт и со посебни протоколи. Тенисерите ќе мора да бидат во посебен карантин од 14 дена а ќе бидат сместени во хотели во Мелбурн.

Но, не секој од сопствениците на холтелите сака да прими тенисери во своите соби.  Сопствениците на апартмани во „Вестин Мелбурн“ се подготвуваат да ги тужат организаторите на Австралија опен во врска со нивната одлука за карантин на тенисери во овој хотел, пишува „Сиднеј Морнинг Хералд“.

„Изгледа дека сме фрлени и незабележани. Оваа ситуација предизвикува проблеми со здравјето и човековите права кои не се проучени.“– изјави еден жител на хотелот кој живее таму 15 години.

Австралија Опен треба да се одржи од 8 до 21 февруари.