Роџер Федерер нема наскоро да замине во пензија, а тоа го потврдува и Џон Мекинро.

На овогодишениот Вимблдон е откриено што му се доверил Швајцарецот на еден од тениските легенди, како и дека играта ја прилагодил на годините за да успее.

„Мислевме дека знаеме како треба да се игра тенис на ваква подлога, а тогаш се појави тој и играта ја однесе на некои ново ниво. Мислам дека овој човек за почеток знае да сервира. Сега одеднаш не гледате дека тој го прави сето тоа како претходно. Но, знае кога треба да направи исчекор, да тргне напред кон мрежата.“ – вели Џон Мекинро за Федерер.

Мекинро додава дека не постои причина поради која Федерер не би можел да има одлична игра уште три или четири години.