Од таборот на Новак Ѓоковиќ потврдуваат дека нема потврда за настапна УС Опен, ова ги зголеми шпекулациите дека Србинот ќе го „прескокне“ овој голем турнир.

Рафаел Надал се откажа, Рожер Федерер нема да настапи поради повреда, доколку Ѓоковиќ го откаже настапот, нема да има никој од големата тројка на УС Опен.

Американците стравуваат дека без овие тројца турнирот ќе биде без сериозен квалитет, се наоѓаат на раскрсница.

Бугаринот Григор Димитров е во постојан контакт со Ѓоковиќ, тој исто така се двоуми дали да настапи на УС Опен каде мерките за безбедност се големи.