Америкнаката Серена Вилијамс ќе игра во своето десето финале на УС Опен по победата над Елена Свитолона од Украина. Противничка во финалето ќе и биде Бјанка Андреску од Канада.

Импресивен резултат на Серена Вилијамс, има 38 години, 101. е на ВТА листата и победува како од шега. Свитолина од Украина немаше сили да одоговри на супериорната игра на Серена која запиша победа со 6:3, 6:1 по само 71 минута игра.

Серена Вилијамс доколку победи во финалето ќе стигне до 24 Грен слем титула во кариерата, ќе го израмни рекордот на Крис Корт иќе додје до седми УС Опен трофеј.

За прв пат во историјата Канада има финалистка, Бјанка Андреску по голема борба  ја победи Швајцарката Белинда Бенчиќ, резултатот по сетови 7:6 (3) и 7:5.

За Андреску ова е прво финале во кариерата на Грен слем турнирите, годинава победи на три, два од Мастерс серијата в оИндијан Велс и Монтреал.

Финалето е на програмата во сабота.