Легендарнот Мото ГП возач, Валентино Роси е голем фан на Роџер Федерер и признава дека поразот на Федекс во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ тешко го доживеал.

„Ги гледам мечевите на Роџер долго време, тој е еден од моите јунаци. Се познаваме и понекогаш се допишуваме. Со моите пријатели го гледавме финалето на Вимблдон и навивавме за Федерер. Катастрофа е што загуби по две меч топки. Ѓоковиќ е како ѕид но јас мислам дека Федерер е најголем во историјата и убаво е да се гледа како игра.“ – изјави Роси.

Според Италијанецот, Федерер и покрај тоа што има 38 години сеуште ужива во тенисот.