Организаторите на Вимблдон веќе почнаа да дискутираат околу одложување на Грен Слемот, Вимблдон.

Имено, додека во другите спортови се согласни натпреварите да ги играат пред празни трибини, тоа во тенисот е незамисливо. Затоа, ако Владата на Велика Британија нареди турнирот да се игра без присуство на гледачите, тој сигурно ќе биде одложен.

Според Daily Mail, организаторите меѓу другото стравуваат дека ќе мораат да им ги вратат парите на сите кои веќе купија влезници.

Инаку, веќе се одложени Мастерсите во Индијан Велс и во Мајами. Вимблдон на програмата е од 29 јуни до 12 јули.