Фернандо Вердаско беше елиминиран од Ролан Гарос по позитивен тест на Ковид-19, тој потоа направи уште три теста во сопствена режија, сите беа негативни но тоа беше недоволно да биде дел од Отвореното тениско првенство на Франција.

Сега Вердаско сака да ги тужи организаторите на Ролан Гарос поради „лажен тест“ на коронавирус.

„Ќе ги тужам, не работата за пари, јас имам професионална и лична штета. Се сомневам дека  ќе играм до крајот на годината, не сум расположен за настап. Бесен сум, тие покажаа голема непочит кон мене како играч кој настапил на Ролан Гарос во последните 16 години“ – изјави Вердаско.