Американската тенисерка Кори Гоф е најпријатното изненадување на Вимблдон оваа година на женскиот дел од турнирот во Лондон.

Таа во третото коло успеа да слави над Словенката Полона Херцог со 2-1 во сетови 3-6,7-6 и 7-5.

Мечот беше неверојатен затоа што Словенката водеше со 1-0 во сетови, а во вториот имаше предност од 5-2 во гемови.

Но Американката не се откажа во ниту еден момент,успеа да изедначи во вториот сет на 5-5 во гемови,за потоа да го добие вториот сет со 7-5 и потоа во третиот решавачки сет да триумфира во тај брек со 7-6 за победа и пласман во осминафиналето на женскиот дел од турнирот,

Во осминафиналето на Вимблдон Гоф ќе се сретне против уште една фаворитка на хартија Симона Халеп која денес славеше над Викторија Азаренка со 2-0 во сетови 6-3.6-1.