Неверојатното полуфинале меѓу Федерер и Надал уште долго ќе се прераскажува. Швајцарецот победи, се пласираше во неделното финале а таму ќе игра против Ѓоковиќ.

На централниот терен во вип ложата најверојатно повторно ќе бидат познатите Британци како што се Сер Алекс Фергусон, Дејвид Бекам, Герет Саудгејт и сл. За тоа како ги доживуваат по мајсториите на тенисерите покажува и реакцијата на Бекам…