Швајцарската тенисерка Белинда Бенчич со освојувањето на „Кремљ Купот“ во Москва, си обезбеди пласман на завршниот Мастерс Куп. Бенчич во финалето ја совлада домашната тенисерка Анастасија Пављученкова со 3-6, 6-1, 6-1 по сетови.

Бенчич со овој трофеј обезбеди место меѓу најдобрите осум тенисерки во 2019 година. Место на Мастерс Купот од претходно обезбедија  Ешли Барти, Каролина Плишкова, Симона Халеп, Бјанка Андрееску, Наоми Осака, Петра Квитова и Елина Свитолина.

Овој завршен турнир, кој ќе се игра во Шенжен во Кина, има награден фонд од 14 милиони долари.