Стефанос Циципас по голема борба го победи Доминик Тием со 2-1, мечот траеше 2 часа и 36 минути, резултатот по сетви 6:7 (6), 6:2, 7:6 (4).

Шестиот тенисер во светот, Циципас,  имаше поголема концентрација во драматичната завршница на завршниот меч на последниот турнир во сезоната, заслуѓено стигна до трофејот во Лондон.

Циципас има неверојатен прогрес во кариерата, со 21 година најави дека е иснина на светскиот тенис, до победата над Тием дојде со пресврт по загубениот прв сет.

Со победата денеска во Лондон, Циципас стана најмлладиот победник на овој турнир по Лејтон Хјуит во 2001 година и прв тенисер од Грција кој победил на завршен турнир.