Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро во последните неколку години имаше премногу проблеми со повредите. Сепак, одличниот Аргентинец не се предава.

По успешната постапка, четврта за Дел Потро кога станува збор за проблематичните колена, популарниот Аргентинец се врати на терените.

Поранешниот шампион на УС Опен и трет играч во светот на социјалните мрежи објави видео од теретана, каде може да се види како работи на стекнување на кондиција.

Имаше операции на двата зглоба, а последниот натпревар го одигра во јуни 2019 година на Квинс во Лондон.

Аргентинецот се уште не прецизираше кога ќе се врати на терените, но исто така покажа дека е голем борец и дека нема предавање.

Неофицијално, неговата желба е да биде подготвен до летото за настап на Олимписките игри во Токио