Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди финале на АТП турнирот во Дубаи, откако во полуфиналето го совлада Французинот Гаел Монфис, со резултат 2:1 во сетови, (2:6, 7:6 и 6.1). Мечот траеше 2 часа и 35 минути.

Ѓоковиќ се наоѓаше пред прв пораз сезонава и во тај брекот во вториот сет спаси три меч топки на противникот, од кои две на сервисот на Монфис.

Ова е 17. победа на Ѓоковиќ против Монфис во исто толку мечеви.

Во финалето на турнирот во Дубаи, Ѓоковиќ ќе се сретне со незгодниот Грк Стефанос Циципас.