Силна експлозија за момент  ги прекина мечевите на Ролан Гарос, звукот кој ги вознемири жителите на Париз одекна и на терените на Отвореното тениско првенство на Франција.

Илјадници повици кон пожарникарската служба и полицијата за инцидентот во главниот град на Франција, тоа не остана незабележано и од тенисерите, на мечот  меѓу  Швајцарецот Стен Вавринка и Германецот Доминик Кепфер, камерата ја улови реакцијата на двајцата тенисери.

Француската полиција ја смири ситуацијата, ја  извести јавноста дека не станувало збор за експлозија, туку воен авион го пробил звучниот ѕид токму над Париз.