Нови елиминации на фаворитите во Лондон.Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ е последниот од високо рангираните тенисери кој доживеа елиминација на стартот на тенискиот турнир Вимблдон.

Финалистот од 2017 година Чилиќ денеска загуби во 2.коло од Жоа Соуза и тоа во три сета 6-4,6-4 и 6-4.

Третата рунда не ја дочека ниту 12-тиот носител Американецот Џон Изнер. Микаил Кукушкин го елиминираше Американецот со 3-2 по сетови 6-4, 7-6, 4-6, 6-1 и 6-4.

Од фаворитите пласман во третото коло обезбеди Кеи Нишикори кој со 3-0 по сетови 6-4, 6-4 и 6-0 славеше победа против Камерон Нори.