За првпат во историјата на Мастерс 1000 серијата, во полуфиналето нема да има играч од Топ 25 листата.

За ова се погрижи и Тејлор Фриц кој по голем преврт го совлада Александар Зверев со 2:1 (4:6, 6:3, 7:6).

По поразот на Медведев и Циципас и германскиот тенисер непријатно ги изненади навивачите.

Во полуфиналето Фриц ќе игра против Грузиецот Басилашвили, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Димитров и Нори.

Наградниот фонд за ова натпреварување е 9,1 милион долари.