За експресни еден час и петнаесет минути Роџер Федерер го декласираше Матео Беретини во осминафиналето на Вимблдон.

Младиот италијанец немаше против игра за денеска неверојатно расположениот Федерер. Со 6:1, 6:2 и 6:2, вториот носител на Вимблдон обезбеди пласман во следната рунда.

На неговата победа најмногу се израдуваа неговите машки близнаци во друштво не неговата сопруга Мирка.