Швајцарецот Роџер Федерер утре ќе организира хуманитарен меч во Кептаун (Јужна Африка). Картите за овој меч веќе се распродадени и се очекува приход од над еден милион долари, кои преку хуманитарниот фонд на Федерер ќе бидат дадени за потребите на образованието на децата од Африка и од Швајцарија.

Јужна Африка не е случајно одбрана, бидејќи тука е родена мајката на Федерер, кој во детството секоја година минувал по два месеци во Јужна Африка.

Мечот е планирано да се игра во двојки. Федерер ќе игра заедно со милијардерот Бил Гејтс, а против нив ќе настапат Рафаел Надал и комичарот Тревор Ноа.