Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, откако во осминафиналната пресметка триумфираше над Давид Гофан со 7-6 и 6-4.

Белгиецот шансата да направи изненадувае ја испишти во првиот сет во кој не успеа да искористи 5 сет топки, а тоа исксниот Федерер знаеше да го казни и со 9-7 во тај брејкот поведе со 1-0 во сетови.

Federer & Goffin Produce Super Match In Shanghai

Shanghai Special 🤩Roger Federer versus David Goffin was a highlight reel 🔥🎥: Tennis TV | Rolex Shanghai Masters

Gepostet von ATP Tour am Donnerstag, 10. Oktober 2019

Во вториот сет популарниот Федекс успеа да направи брејк во седмиот гејм, што беше доволно за конечна победа. Во четвртфиналето тој ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Германецот Александар Зверев и Русинот Андреј Рубљов.