Неверојатниот 37 годишен, Роџер Федерер се пласираше во претпоследната фаза од Вимблдон по денешната победа над Кеи Нишикори од 3:1 во четвртфиналето.

Во меч кој траеше 2 часа и 29 минути, Федерер му дозволи на јапонецот да го освои само воведниот сет со 6:4. На ова следуваше фуриозна игра од вториот носител и следните три сета го доби со 6:1, 6:4 и 6:4.

Во полуфиналето Федерер ќе игра со подобриот од мечот на Надал и Квери. Ова за неповторилиот Федекс беше 100-та победа во кариерата на неофицијалното светско тениско првенство.