Роџер Федерер го заврши учеството на Мастерсот во Шангај по поразот од Александар Зверев со 2-1 во сетови.

Швајцарецот на овој меч играше по системот топло-ладно, но на стартот од третиот сет при водство на Зверев од 3-0 во гејмови судијата Форкадели му додели поен на Германецот поради тоа што Федерер го исфрли топчето во трибините.

Тоа дополнително го исфрустрира Федерер кој влезе во конфликт со судијата, момент по кој Швајцарецот немаше сили да се врати во мечот.

Германецот по големата победа над Федерер во полуфиналето ќе игра против Стефанос Циципас кој исто така по 3 сета го изненади првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ.