На турнирот во Лас Вегас се случи мала физичка пресметка помеѓу тенисерките  Канаѓанката Катерина Себов и Американката Алисија Паркс.

Канаѓанката славеше со убедливи 6-0 и 7-6, а по крајот на мечот ситуацијата кулминираше. Имено, при поздравувањето Себов и ја стиснала силно раката на противничката, а тоа воопшто не и се допадна на Американката и тргна физички да се пресмета.

Сепак организаторите успеаале да спречат поголем инцидент, а ИТФ се очекува да превземе дисциплински мерки за двете тенисерки.