Дерби мечот од Мастерсот во Шангај меѓу  Фабио Фоњини и Енди Мареј ги оправда сите очекувања. Италјанецот по 3 часа тенис славеше со 2-1 во сетови и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Шангај.

Британецот идентично како вчера го загуби првиот сет со 7-6, но тоа само дополнително го мотивриа и со фуриозни 6-2 изедначи на 1-1 во сетови. Во третиот сет Мареј сервираше за победа, но италјанецот успеа да се врати по што победникот повторно беше решен во тај -брејк, кого Фоњини го доби со убедливи 7-2 во поени. б

Фоњини во осминафиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Фриц и Качанов.